Корисниците на ВатсАп (WhatsApp) пријавиле нефункционалност на услугите, според веб-страницата Даундетектор (Downdetector), која следи за оштетување и прекини на популарните интернет ресурси.

До 14:16 часот по македонско време, регистрирани се 1.056 поплаки: 75 отсто од корисниците имале проблеми со испраќање пораки, 15 проценти имале проблеми со апликацијата, а 10 отсто не можеле да се логираат.

ВатсАп е апликација во сопственост на Мета (поранешен Фејсбук) која овозможува испраќање и примање пораки, повици, фотографии, видеа, документи и гласовни пораки.