Украина соопшти дека нејзините сили предизвикале „значителна“ штета на руската ракетна корвета на Крим пред два дена, велејќи дека бродот „Асколд“ можеби нема да може да се поправи, објави украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.
„Потврдено е. Рускиот ракетен носач „Асколд“, најновиот брод од класата Каракурт со стелт технологија“, објави украинската војска.
Во соопштението се наведува дека ракетната корвета е оштетена во напад на поморската и пристанишната инфраструктура на бродоградилиштето на заливот на окупираниот Крим.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војската го погодила бродот Асколд во бродоградилиштето Керч на Крим, кој беше незаконски анектиран од Русија во 2014 година.