Вчера во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 23-годишниот А.В. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација.

И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Текстот Уапсени татко и син од Тетово: пронајдени марихуана и пиштол е превземен од МАКФАКС.