Во БИБЛ кошаркарската лига тимот на ТФТ загуби на гостински терен од Сигал Приштина со 80-73.

По оваа победа Сигал се искачи на 3-то место со осум освоени бода, додека ТФТ останува на 2-та позиција со 10 освоени поени.

Кај домаќините доминираше Лејсо Зеќири со 17 поени, додека кај ТФТ се истакна Ландриус Хортон со 19 поени.