Томас Тухел направи одлична работа во Челзи, откако пристигна на клупата на премиерлигашот минатата сезона. Успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите и да состави тим кој има високи амбиции во сите натпреварувања.

Ова лето лондонскиот клуб се засили со Ромелу Лукаку. Но, германскиот тренер не крие дека разговара со управата за доведување и на Ерлинг Халанд.

„Секако дека редовно зборуваме за тоа. Спојување на Халанд и Лукаку? Би било фантастично, немам проблем да зборувам за тоа. Сепак, ќе видиме што ќе се случи во иднина“, вели Германецот.

Норвежанецот од Борусија Дортмунд ќе биде најатрактивното име на пазарот наредното лето. Се очекува голема борба за неговиот потпис, со оглед на тоа што „милионерите“ се свесни дека нема да имаат моќ да го задржат.

Актуелниот европски првак е лидер во Премиер лигата по девет одиграни кола. Моментално Челзи има еден бод повеќе од Ливерпул и два во однос на Манчестер Сити.