Манчестер Cити доминираше против Баерн Минхен во првиот четвртфинален меч од Лигата на Шампиони (ЛШ) и славеше со 3-0, иако резултатот можеше да биде уште поубедлив во корист на „граѓаните“.

Advertisements

Тренерот на баварскиот гигант, Томас Тухел, по натпреварот даде изјава со која дефинитивно ги налути навивачите на Баерн Минхен.

„Бевме добри до грешката на Упамекано. Одбивам да зборувам лошо за нашата игра. Заљубен сум во овој тим. Можеби звучи чудно, но денеска беше забавен ден“, кажа Тухел.

Тухел најави борба во реваншот и кажа дека сè уште ништо не е решено, но ќе има тешка мисија да го елиминира Манчестер Сити со игра каква што неговиот тим покажа на „Итихад“.

Прикажи повеќе