Турскиот филм „Љубовни тактики“ (Love Tactics) стана еден од најгледаните на Нетфликс, а веќе се споменува снимање и на продолжение.
Филмот е објавен во средина на февруари, a само неколку дена по премиерата стана еден од 10-те најгледани филмови во 60 земји.
Во главните улоги се Демет Оздемир и Шукру Озилдиз, а после големиот успех, од публиката почнале да пристигнуваат барања за снимање на второ продолжение.
Во филмот станува збор за успешна блогерка, модна дизајнерка и експерт за маркетинг, која не верува во љубов и се обложува дека ќе го натера другиот да се заљуби користејќи необични методи.