Канада го осуди воздушниот напад на Русија врз Украина и ја нагласи важноста за понатамошна поддршка за одбрамбените капацитети на Украина.
За ова премиерот на Канада Џастин Трудо денес објави на својата социјална мрежа Х, а пренесува Укринформ.
,, Напад со омраза против цивилите, Канада остро ги осудува најновите руски напади врз украинските цивили и градови, овие напади се едноставно одвртни и не потсетуваат на важноста на нашата поддршка за одбрана на Украина“ Напиша Џастин Трудо.
Како што е соопштено, утрото на 25 март во Кијив се слушнале неколку експлозии како резултат на уништувањето на две балистички ракети истрелани од руските окупатори кон Кијив од привремено окупираниот Крим. Остатоци од проектили паднаа во голем број кијивски области.
Заклучно со понеделник навечер, десет лица се повредени во главниот град.
Подготви: М. Санева