Во обид да се состаби прфил на 20-годишниот помошник од старечки дом, Томас Крукс, кој се претпоставува дека се обидел да го убие Доналд Трамп на изборен митинг, открива многу малку за тоа зошто тој би направил таков обид – или како успеал толку да се приближи со цел да го убиде поранешниот американски претседател.
Првите детали што се појавија за Томас Крукс, кој беше убиен од полицијата, покажуваат дека работел во близина на својот роден град во Пенсилванија, каде што завршил средно училиште во 2022 година со репутација на бистар, но тивок соученик, јави Ројтерс.
ФБИ во неделата соопшти дека неговиот профил на социјалните мрежи не содржел заканувачки зборови, ниту дека откриле историја на проблеми со менталното здравје. Тие рекоа дека дејствувал сам и дека не го идентификувале мотивот.
Во саботата попладне Крукс почна да пука со полуавтоматска пушка, што ја купил татко му, изјавија официјални лица.
Во престрелката загина 50-годишен маж, тешко рани уште двајца гледачи и го погоди во уво поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Крукс беше регистриран републиканец, кој би имал право да го даде своето прво гласање на изборите на 5 ноември, на кои Трамп го предизвикува претседателот Џо Бајден. Јавните податоци покажуваат дека татко му е регистриран републиканец, а мајка му е регистриран демократ, и дека како 17-годишен Крукс донирал 15 долари за каузата на Демократската партија.
Шокирани сме и тажни што дознавме за неговата вмешаност.
„Крукс си ја работеше својата работа без грижа“, рече Марси Грим, администратор на Центарот за квалификувани медицински сестри и рехабилитација во паркот „Бетел“.
Пред две години Крукс завршил средно училиште, каде што не покажувал некој посебен интерес за политика, вели соученик, кој побарал да остане анонимен. Тој беше фокусиран на градење компјутери и играње игри, изјави соученикот во едно интервју.
„Тој беше супер паметен. Тоа е она што навистина ме воодушеви, ова беше навистина, навистина паметно дете, како да се истакнуваше“, рече соученикот.
Џим Кнап, кој се повлече од својата работа како училиштен советник во средното училиште „Бетел Парк“ во 2022 година, рече дека Крукс отсекогаш бил тивок како глушец, почитуван и се држел до себе, иако имал малку пријатели.
Ретко налетував на Крукс бидејќи не беше проблематично дете“, рече Кнап. „Крукс беше задоволен што повремено ручаше сам во училишната кафетерија, рече Кнап, кој регрутира такви ученици за да види дали сакаат друштво.
Децата не го викаа, децата не го малтретираа, вели Кнап.
Кнап раскажува дека никогаш не знаел оти Крукс на кој било начин е политички ориентиран, дури и кога другите деца понекогаш носеле облека на Трамп или Бајден.
Секој може да пукне, секој може да има проблеми, рече тој.
Жителите во близина на домот на Крукс опишаа дека се чувствувале шокирано и вознемирено што обидот за атентат бил поврзан со лице од мирниот град со 33.000 жители.