Твитер тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците да објавуваат со дури 2.500 зборови, по сегашните 280 дозволени знаци.

Од компанијата соопштија дека на овој потег се одлучиле поради фактот што Twitter станува се попопуларен, а корисниците користат платформа за објавување подолги содржини со насочување на следбениците кон надворешни билтени.

Тестот ќе трае два месеци и ќе опфати мала група корисници од Канада, Гана, Велика Британија и САД, а новата функција има за цел да ја задржи публиката во „еко-системот на Твитер“.

Со оваа новина Twitter сака да им овозможи на корисниците да вградуваат гифови, фотографии и други функции во долги објави, јавува Би-Би-Си.

Корисниците исто така ќе можат да ги уредуваат своите објави откако ќе бидат објавени.

Експертот за социјални медиуми Лаура Тугуд изјави дека ова е значаен чекор за Твитер. Таа рече дека оваа функција ќе ги охрабри луѓето да останат во самата платформа, наместо да се поврзуваат со други веб-локации кои можат да примаат содржина со долг формат.