Станува збор за компјутерска презентација во која се наведуваат чекори за блокада на прогласувањето на новиот претседател на САД.

Фактот дека поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Марк Медоус, еден ден пред нападот на Капитол Хил поседувал документ во PowerPoint, кој детално го опишува државниот удар, сугерира дека тој бил свесен за напорите на Трамп и неговите сојузници да го запрат прогласувањето на новиот претседател, пренесува лондонски Гардијан.

Презентацијата има 38 страници и е насловена „Изборна измама, мешање и опции за 6 јануари“.

Нуди неколку препораки за Трамп да ја задржи претседателската функција и да го започне својот втор мандат, потпирајќи се на лаги и бројни теории на заговор.

Сенаторите и членовите на Конгресот прво треба да бидат информирани за наводното мешање на странци во изборите, по што Трамп би можел да воведе вонредна состојба на национално ниво, да ги прогласи електронските гласови за неважечки и да побара од Конгресот соодветна одлука.

Една од опциите за преземање на власта било тогашниот потпретседател, Мајк Пенс, да ја злоупотреби својата церемонијална улога на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, да го спречи Бајден да биде именуван за нов претседател и да го врати Трамп во Белата куќа.

Препораките во презентацијата се засноваат на неосновани наводи за изборна измама, вклучително и дека „Кинезите систематски ја презеле контролата врз американскиот изборен систем“.