Тајван: 24 кинески воени авиони регистрирани во близина на островот

Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони околу островот во рок од 24 часа, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Единаесет авиони ја преминале неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван.

Покрај авионите, во последните 24 часа, до денеска во 6 часот по локално време, регистрирани се и пет кинески бродови соопшти Министерството.

Ова е најголемата демонстрација на сила во Пекинг околу островот од претседателските избори во Тајван во саботата, пренесува Бета, јави МИА.