НАТО-алијансата денеска ги започна своите најголеми воени вежби за оваа година кои се случуваат во Норвешка, а ќе траат до 1 април, во време кога ескалираат тензиите меѓу Западот и Русија по московската инвазија врз Украина.
Околу 30 000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји учествуваат во вежбата „Студен одговор 2022“, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница.
Вежбата „Студен одговор 2022“, планирана долго пред инвазијата на Москва на Украина, има за цел да тестира како Норвешка ќе се справи со присуството на сојузничките засилувања на нејзината територија во согласност со член 5 од Повелбата на НАТО, кој ги повикува земјите членки да дојдат до помош на друга земја членка која била нападната.
Како и во претходните години, на вежбата учествуваат и соседните Шведска и Финска, кои се воено неутрални, но се поблиски партнери на НАТО.