Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен напад“ врз Украина.

Во објава на Твитер, тој вели дека со нападот „се доведуваат во ризик безброј животи на цивили“.

„Ова е сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“, додава тој.

Столтенберг посочи дека сојузниците од НАТО ќе се состанат за да се осврнат на „обновената агресија“ на Русија.

Прикажи повеќе