Во име на тимот на Вардар 1961 по натпреварот и поразот против Кил зборуваше и капитенот Столе Стоилов.
” Кил дојде до важна победа и покрај тоа што немаше тројца важни играчи. Ние почнавме многу добро во првиот дел, имавме водство, но бевме премногу зависни од голманот кој фати топки и направи лажна визија за првиот дел. Главната сила на Кил е што тие се заедно повеќе време, нашиот тим не е така. Имаме нови играчи, нов тренер. Мораме да бидеме многу подобри, но не можеме веднаш, затоа што играчите не се познаваат доволно. Ама, тоа не е алиби за поразот. Мораме и можеме да победиме на следните натпревари и да си ја вратиме самодовербата.“, изјави Стоилов.