Српскиот кошаркар Стефан Јовиќ потпиша за грчки Панатинаикос до крајот на сезоната, со алтернатива таа соработка да биде продолжена на уште една година.

Плејмејкерот последниот ангажман го имаше во руски Химки, клуб за кој минатата сезона во Евролигата имаше просек од 4,4 поени, 3,8 асистенции, два скока и една украдена топка.