Орхидеите се познати по тоа што важат за едни од најомилените цвеќиња на сите, но сепак ретко кој умее да ги одржува и да ги негува онака како што сакаат тие.

Еден од многуте проблеми кои се јавува кај орхидеите е скапувањето на коренот, бидејќи тоа е еден од најчувствителните делови на ова растение.

Доколку коренот е темен, најверојатно започнува да скапува и цветовите не би паднале, доколку го забележите ова веднаш применете ги овие четири совети за да го спасите ова растение:

Прв чекор

Пред се морате да го извадите цвеќето од заразената земја, истресете ја целата земја и користете задолжително ракавици и дезинфициран алат, за да не ги пренесете заразените бактерии на другите делови од растението.

Втор чекор

Со ножици исечете ги скапаните делови од коренот и внимавајте каде ја фрлате земјата и скапаните корени за да не заразите други растенија во градината.

Трет чекор

Обложете го коренот со весник и оставете го од 12 до 24 часа како коренот би се адаптирал по кратењето на скапаните делови.

Четврти чекор

Дезинфицирајте ја саксијата и ставете нова земја за цвеќе. Денес може да се пронајде и специјална земја за орхидеи, но можете да користите и било каква земја.

Инаку за да не дојде до скапување на коренот познавачите советуваат тие да не се наводнуваат многу често и саксијата да има повеќе дупки за воздух.