Во семејството од Мериленд (САД), засега неименуван маж отишол во продавницата откако сопругата го испратила да купи пилешко, а тој патем купил и грепка од тамошната лотарија… И, тоа му се исплатило.

Таа вечер, по вечерата со вкусно пилешко, човекот ја изгребал грепката и видел дека има добивка. Но не бил сигурен колкава е сумата…

Мислел дека се околу 10 долари – колку за враќање на потрошените пари, но проверил преку апликацијата на Лотаријата во сојузната држава Мериленд и сфатил дека освоил 100.000 долари. Следувала голема прослава, а парите се примени на 28 јануари во седиштето на Лотаријата во Балтимор.

Семејството парите ќе ги потроши за летен одмор, враќање на долгови, поправка на домот, а ако остане – можеби и за нов телевизор.