Летот на височина од нешто над три километри од Блумфонтејн до Преторија, требаше да биде вообичаен, рутински, за јужноафриканскиот пилот, Рудолф Еразмус. Сè додека не забележа „слеп“ патник во авионот – жолта кобра која лазеше под неговото седиште во кабината.

Advertisements

„Во прв момент, искрено, ми се причини дека мојот мозок не регистрира што се случува. Почувствував дека нешто студено ми се лизга низ грбот, мислејќи дека не сум го затворил добро шишето со вода и дека можеби таа ми капе по грбот. Но, кога се свртел и погледнав надолу, здогледав кобра како лази и исчезнува под седиштето“, рече тој за „Би-Би-Си“.

Потоа одлучил да го приземји приватниот авион со четворица патници и змија на најблискиот аеродром Велком.

„Се плашев дека змијата може да излезе од кабината и да предизвика паника. Но, решив да има соопштам дека има змија под моето седиште и ќе се обидам што поскоро да го приземјам авионот“, рече Еразмус.

Прикажи повеќе