Сите дома прават плескавици, ќебапи, полнети шницли или ќофтиња. Излегува вкусно, но за да го направите најсочното можно јадење од мелено месо, користете мраз.

За овој трик не знае секоја домаќинка, а освен мраз, месото треба да биде и свежо.

Пробајте го бидејќи ќе ви успее при првиот обид.

Овој трик особено ќе им се допадне на љубителите на плескавица, бидејќи ќе им ја направи најдобрата и највкусната до сега.

Кога подготвувате мелено месо, користете еден или два вида месо – по ваш вкус. Зачинете го месото навечер и оставете го покриено со проѕирна фолија во фрижидер. Наутро додадете ситно сечкан кромид и лук. Не мора, но значително го подобрува вкусот. Соединете, обликувајте плескавици или ќофтиња, па повторно покријте со фолија и ставете го во фрижидер 20-30 минути.

Околу 7-10 коцки мраз, кои претходно сте ги здробиле, одат на 1 кг месо. Брзо измешајте со меленото месо и преобликувајте ги плескавиците или нешто по ваш избор. Мразот ќе го направи меленото месо неверојатно сочно.

Се пржат во тава на загреано масло или се печат во рерна. Ако печете, тогаш останува на 180-200 ° C околу 20 минути.