Вчера во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицето да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ.

Како што е пријавено, откако му дал полномошно само за транспортирање, лицето без негово знаење и согласност ја средил царинската документација најверојатно со фалсификување на документацијата, по што возилото му го продал на друго лице од тетовско село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.

Текстот Се договорил да му го транспортираат возилото од Германија во Македонија: останал и без автомобил и без пари е превземен од МАКФАКС.