Сведоштва низ фотографии за руските воени злосторства во Украина

„Украина: Воено злосторство“ е насловот на изложбата што во организација на фондациите Отворено општество – Западен Балкан ќе биде отоворена на 12 јуни 2024 година (среда) во Мала станица – Национална галерија на Северна Македонија.

Сведоштва низ фотографии за руските воени злосторства во Украина

Сведоштва низ фотографии за руските воени злосторства во Украина

Изложбата е изведена од истоимената книга објавена од FotoEvidence, која вклучува повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија. Овие храбри фоторепортери ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасните вистини на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот.