Состојбата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците би требло да ја напуштат таа земја во следните 24 до 48 часа, порача Белата куќа.

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од порастот на кршењата на прекинот на огнот, а Стејт департментот за таа цел ангажирал дополнителен конзуларен персонал.

Пентагон соопшти дека тесно соработува со Стејт департментот „за да го идентификува бројот на Американци кои сакаат да го напуштат Судан“ и рече дека нивниот број е „релативно мал“.

Стотици луѓе се убиени во конфликтот кој беснее две недели меѓу регуларната суданска војска и ривалските паравоени сили за брза поддршка, кои се борат за уривање на власта што се заканува со дестабилизација на поширокиот регион.

Прикажи повеќе