Русија предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.

Advertisements

„Русија ќе биде принудена да преземе чекори за да возврати со воено-технички и други карактеристики со цел да се спротивстави на растечките закани за нејзината национална безбедност“, соопшти Министерството.

Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“, додаваат од Министерството предводено од Сергеј Лавров.

Прикажи повеќе