Граната падна на руска територија.
Advertisements
Русија денеска oбјави дека селото Отрадноје во Белгородската област, која граничи со Украина, е гранатирано од другата страна на границата. Ова го изјави локалниот претставник Владимир Перцен. Тој на Телеграм изјавил дека се работи за граната, дека нема жртви или материјална штета и дека ситуацијата е мирна, пишува агенцијата „РИА Новости“.
И претходно во два наврати Русија тврдеше дека имало напади на нивни села близу границата, но Украина овие информации не ги потврди. Се навршија два месеци од почетокот на војната во Украина.