Руското Министерство за одбрана соопшти дека е одбиен напад со дронови врз „мети во московскиот регион“ што се случи во текот на ноќта. Министерството во соопштението наведува дека дронот бил уништен од противвоздушни сили. Точната локација на која дронот е соборен од противвоздушни сили не е наведена.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на каналот Телеграм изјави дека обидот за напад врз Москва се случил во текот на ноќта и дека нема штети или жртви, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Украинската страна не ја коментираше изјавата на руските власти.