Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот Д.В. од Романија.

При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Текстот Романец фатен со дрога на Табановце: во личниот багаж скрил марихуана е превземен од МАКФАКС.