Денес од ЕХФ стигна одлука на РК Металург да му се забрани во домашното првенство откако претходно беше суспендиран од учеството во европските натпреварувања. Денешниот дуел Металург –Вардар од тие причини е откажан.

Љубителите на ракометот добро го паметат Металург од најдобрите денови, како расадник на таленти и колектив во кој своевремено играше комплетната македонска репрезентација а на клупата седеше познатиот хрватски стратег Лино Червар.

По заминувањето на Червар за жал металурзите тргнаа во друг правец и по тужбите од дел од членовите и опомените од страна ЕХФ за финансиските долгови дојдоа и суспензиите по кои Металург не може да се натпреварува и на домашната ракометна сцена па денешното дерби со Вардар од Суперлигата беше одложено.

Да потсетиме пред стартот на сезоната во Европската лига ЕХФ побара парична гаранција од македонскиот клуб во висина од 50 000 евра за да може да се натпреварува. Металург притиснат од финансиските проблеми се повлече и по повод настаната ситуација за утре во 11ч најавува прес конференција на која се чека објаснување што понатаму со клубот кој многу значеше и значи за македонскиот ракомет.