Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ распиша референдум за промена на Уставот на Србија, кој ќе се одржи на 16 јануари идната година. Дачиќ ја потпиша Одлуката по седницата на Собранието на Србија. Пратениците претходно ги усвоија Законот за промена на Уставот на Србија, Уставниот закон за спроведување на Законот за промена на Уставот и Одлуката за распишување републички референдум со цел да се потврди Законот за промена на Уставот. Како што пишува во одлуката за распишување републички референдум, граѓаните ќе се изјаснат за референдумското прашање: „Дали сте за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија“.

Advertisements

Прикажи повеќе