Македонската машка ракометна репрезентација во својата „база“ во Маврово се подготвува за претстојното Европско првенство 2022 во Унгарија и Словачка.

Селекторот, Кирил Лазаров подготовките ги стартуваше без четворица ракометари: Никола Митревски, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски и Жарко Пешевски, причината е обврските кон своите клубови.

Првиот тест Лазаров и неговите момци ќе го имаат во понеделник против селекцијата на Кувајт, два дена подоцна, исто во Маврово ќе го одиграат и вториот дуел со истата репрезентација.

Македонија вториот дел од подготовките ќе го одработи во Скопје, каде исто така ќе одигра две пријателски средби, на 3. и 4. јануари ќе ги одмери силите против Израел.

Првиот меч на ЕП, нашите ракометари го играат на 13. јануари против Словенија, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, групната фаза ја затвараат со Данска.