Скопски Работнички го победи Куманово со убедливи 97:81, додека Гостивар на домашен терен ја прекина лошата серија во дуелот со Кожув (97:68), во последните натпревари од денешната програма во македонското кошаркарско првенство.

Тодоровиќ со 28 и Ворку со 16 поени беа најефикасни кај Гостива, додека Симоновски со 16 поени беше најдоар кај гостите од Гевгелија.

Убедлива победа оствари и Работнички против Куманово, во слична ситуација во која домашниот состав издоминира по паузата на полувреме.

Мустафица со 24 и Пол со 23 поени биле предводници на теренот кај Работнички, кој засега е на третото место на табелата.

Претходно, Еуро Никел оствари преубедлива победа над Ангели (46:101), додека вториот тим на МЗТ Скопје загуби од Феникс со 69:71.