Работнички и Феникс ги дознаа потенцијалните ривали во ФИБА Европа Купот како и системот на натпреварување што европската куќа на кошарката денеска го објави.
Двете македонски екипи ќе бидат дел од квалификациските турнири, но не може да се најдат во ист турнир бидејќи Работнички и Феникс се сместени во ист шешир за ждрепката што ќе биде извршена на 8 август. Според пропозициите, ќе бидат одиграни седум квалификациски турнири, шест од нив со по три екипи и еден со четири учесници. Пласман во групната фаза од Европа Купот ќе обезбедат само победниците на квалификациските турнири.
Согласно правилата, екипите кои се елиминирани од квалификациите за ЛШ на ФИБА имаат загарантирано место во групната фаза од Европа купот, а доколку некоја од нив се откаже од настап тогаш местото ќе припадне на најдобрата второпласирана екипа од групите од квалификациите за ФИБА Европа купот.