Илјадници жени синоќа протестираа во неколку индиски градови поради силување и убиство на една лекарка, а премиерот Нарендра Моди апелира на казнувања на злосторствата врз жените.
Со свеќи и транспаренти протестираа жените во Калкута, каде силувањето и убиството на докторката предизвика протести на лекарите, кои бараа подобри и побезбедни услови за работа.
Лекарите во државните болници во Индија на 12 август стапија во штрајк во знак на протест поради силувањето и убиството на лекарката.
Телото на 31-годишната лекарка беше пронајдено на 9 август во државната болница во Калкута, во индиската држава Западен Бенгал. Обдукцијата потврди дека таа била силувана и убиена. Полицијата уапси маж кој работел во истата болница како и жртвата. Тој им пружал помош на пациентите во чекалните.
Сексуалното насилство врз жените е широко распространето во Индија. Во земјата со 1,4 милијарди луѓе во 2022 година дневно се пријавувале речиси 90 силувања, пренесе МИА