Десетици илјади демонстранти се собраа синоќа во Тел Авив и во други градови низ Израел за да изразат противење на контроверзниот план за судски реформи на Владата на екстремната десница на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Advertisements

Масовни протести се одржаа 16-та сабота по ред и тоа пред 75-годишнината од основањето на еврејската држава.

Планот на Владата на Нетанјаху да го ослабе Врховниот суд предизвика гнев кај Израелците кои тоа го гледаат како напад врз системот на контрола и рамнотежа на власта и закана за демократијата.

Протестите ги парализираа израелските градови во март, па Нетанјаху беше принуден да го одложи спроведувањето на реформскиот план со надеж дека ќе се најде компромис. Противниците, сепак, не се откажаа од протестите и бараат планот воопшто да не се спроведува.

Доколку бидат усвоени, судските реформи ќе му овозможат на Нетанјаху, кому му се суди за корупција, и на неговите коалициски партнери, да го имаат последниот збор при назначувањето на судиите.

Прикажи повеќе