Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.
Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати.
Спасувачки екипи се упатиле кон областа, но екипите се бореле со планинскиот терен и слабата видливост, пренесува Вашингтон пост.
Смртта на некои од врвните лидери на земјата доаѓа во време на превирања во поширокиот регион, бидејќи со војната во Газа се зголемуваат тензиите.
Покрај Раиси, и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, загинаа – гувернерот на Источен Азербејџан Малек Рахмати, претставникот на иранскиот врховен лидер во Источен Азербејџан Мохамад Али Але-Хашем, шефот на претседателската гарда Мехди Мусави, пилотот на хеликоптерот, копилотот и екипажот.
Прочитајте и:
(ВИДЕО) Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до урнатиот хеликоптер со иранскиот претседател