Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска пристигна во ненадејна посета на Киев. Тој е во посета на главниот град на Украина во знак на поддршка за земјата која се бори против неиспровоцираната инвазија на Русија.

Advertisements

„Денес во Киев“, напиша Мишел на Твитер под неговата фотографија на железничка станица.

„Во срцето на слободна и демократска Европа“, пишува Мишел.

Мишел го следи примерот на неколку други европски лидери, вклучително и британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, кои ја посетија Украина за да ја покажат својата поддршка.

Прикажи повеќе