Постковид пациентите во Македонија се примаат на Клиниката за пулмологија, но според министерот за здравство Венко Филипче нема некој значаен наплив на пациенти.

Тој вели дека има пациенти кои доаѓаат со различни симптоми што се манифестираат со срцеви или белодробни манифестации.

Клиниката за пулмологија е таа што е референтна да ги прима, анализира, соодветно третира доколку треба постковид пациентите. Нема некој значаен наплив на пациенти, нема притисок кон Клиниката за пулмологија. Меѓутоа, има пациенти кои се јавуваат за преглед, додаде Филипче.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.