Неименуван поранешен вработен во британски супермаркет открил некои тајни за работењето и функционирањето на продавниците за кои клиентите не се свесни.

За седум години работа, вели таа, гледала сè, а еден од најлошите делови од нејзината работа било доаѓањето на пијани студенти кои фрлале се на подот, а таа морала да го исчисти, пишува The Sun и пренесува Вечерњи лист.

Еден агол од продавницата советува да се избегнуваат сите клиенти, а тоа е тоалетот. Не се чистат редовно, полни се со нечистотија и бактерии, а има и вработени и муштерии кои не пуштаат вода по мокрењето – се убедила самата затоа што имала таков колега.

Таа открила и една работа што многу клиенти не ја забележуваат, а се шокираат кога ќе дознаат – повеќето пекарски производи се замрзнати.

„Работата на персоналот е да ги одмрзне и да ги стави во рерна, па затоа не се секогаш свежи“, рече таа, додавајќи дека голема количина се фрла во ѓубре на крајот на смената.

Таа даде и еден многу корисен совет – најдобро е да пазарувате помеѓу 7 и 8 часот наутро, околу 11 или околу 20 часот – тие се најмалку преполни и најмногу намирници се достапни на полиците.