Во соопштението на полицијата се наведува дека Џон Реиф Хоф се самоубил на 32-годишна возраст, во далечната 1970 година, но неговата ќерка ѝ овозможила на полицијата да добие докази за ДНК и на тој начин конечно да го реши убиството на Кенди Роџерс, пренесува „UsaToday“.

Advertisements

Во видеото објавено од полицијата, детективот Зак Стормент ја спореди истрагата со Монт Еверест, велејќи дека тоа е случај „кој никој не може да го реши, но кој никој не може ни да го заборави“.

Кенди исчезна на 6 март 1959 година во Спокејн, Вашингтон. По шеснаесет дена и опсежна потрага при која загинаа двајца припадници на воздухопловните сили кога нивниот хеликоптер удри во далновод, нејзиното тело беше пронајдено во шумата, на неколку километри од нејзината куќа. Била силувана и задавена со парче од нејзината облека.

Хоф, тогаш 20, бил во војска, стациониран во воздухопловната база Ферчајлд во округот Спокејн. Тој не бил осомничен во овој случај, иако две години подоцна бил осуден за напад кога се обидел да задави жена. Бил отпуштен од војска, а подоцна работел како продавач од врата до врата, додека не се самоубил.

Годинава, врз основа на генеалошко истражување – пронајдена семена течност во телото на Кендин и ДНК земена од ексхумираното тело на поранешен припадник на армијата, Хоф е идентификуван како убиецот.