Политико: „Координиран“ напад го запре францускиот систем на железници, пред свеченото отворање на Олимпијадата

Првиот викенд од Летните олимписки игри 2024 во Париз може да се претвори во кошмар за стотици илјади посетители.

Француската железничка компанија SNCF во петокот објави дека нејзиниот систем за брзи возови бил погоден од „намерни подметнати напади за да се оштетат [нејзините] објекти“, предизвикувајќи одложувања и откажувања кои се очекува да траат цел викенд, објави Политико.

Прекините ги погодуваат возовите што се движат кон исток, север и запад од Париз, а од патниците е побарано да ги одложат своите планови.

Француското радио FranceInfo идентификуваше најмалку три пожари во близина на железничките пруги кои беа пријавени рано во петокот, секој оддалечен стотици километри еден од друг. Најмалку две беа опишани како „злонамерни дела“.

„Координираните дејствија на злонамерна намера беа насочени кон неколку TGV [брзи железници] линии, предизвикувајќи големи прекини во сообраќајот до викендот“, потврди министерот за транспорт во заминување, Патрис Вергриете на X.

Не се соопштени детали за тоа кој би можел да стои зад наводниот координиран напад.

SNCF очекуваше особено напорен викенд, со многу француски работници кои тргнаа на одмор, церемонијата на отворање на Олимпијадата требаше да се одржи оваа вечер во Париз, како и настани  планирани во текот на викендот на различни места низ целата земја.

Д. Т.