За десет дена ќе се одржи свечената церемонија на која ФИФА ќе ги додели традиционалните „The Best“ награди.

Денес беа откриени имињата на тројцата кандидати меѓу фудбалерите. Роберт Левандовски ја предводи кратката листа заедно со Лионел Меси и Мохамед Салах.

За победниците одлучува меѓународно жири, тренери и капитени на сите машки репрезентации, избрани новинари и навивачи ширум светот, кои имаа рок до 10 декември да го дадат својот глас.

Прв фаворит е минатогодишниот победник Левандовски, најдобриот играч на Баерн Минхен.