Македонскиот ракометар Филип Миркуловски заработи повреда на натпреварот против Лајпциг одигра последниот викенд, а првите информации беа дека се работи за сериозна повреда која ќе го одалечи некое време од терените.

Новите вести од Германија се дека повредата не е толку сериозна и дека ќе треба да паузира 3-4 недели така што до средината на декември би требало да биде подготвен за да се врати во тренажен процес.

Проблемите се со скочниот зглоб, а до повредата дојде откако Миркуловски нагази на ногата на противнички ракометар. Сепак, нема простор за паника бидејќи ќе може навреме да се врати во ритам и да биде подготвен за настап на Европското првенство.