Повеќе од 60.000 Украинки се борат за слободата на својата земја

Од преку 400.000 војници кои моментално ги сочинуваат украинските вооружени сили, околу 60.000 или 15% се жени. Повеќе од 20% од нив се во цивилна служба на армијата, додека повеќе од 45.000 Украинки се под униформа.

Бројот на жени во вооружените сили на Украина се зголемува, објави Министерството за одбрана на Украина, на 8 март, на својот канал на Телеграм.

Од јануари 2024 година, 45.587 жени служат во украинската армија. За споредба, во 2014 година оваа бројка беше над 16.500, а во 2023 година надмина 43.400.

Меѓу жените кои во моментов служат во војската, 13.487 се во борбени улоги, а над 4.000 бранителки се распоредени директно во борбите.

Во 2024 година, вкупниот број на жени во вооружените сили на Украина (вклучувајќи ги и оние кои не се воен персонал) достигна 62.000. Во 2014 година оваа бројка беше 49.000.

„Ви благодариме за придонесот во победата!“, гласи пораката од Министерството.

ДЦМ