Победниците на Евровизија, украинскиот оркестар Калуш, пред неколку дена го објавија официјалниот спот за песната „Стефанија“ со кој се претставија на овогодинешниот натпревар.

Сцените од песната длабоко ќе ве трогнат затоа што ја прикажуваат Украина разурната од војна, но и мајки која се борат за слобода и спас на своите деца и татковина.

Заедно со песната е објавен и превод на англиски јазик.

„Еднаш ѝ ја посветив оваа песна на мајка ми, а кога избувна војната, песната доби многу нови значења. Иако во песната нема збор за војната, многумина почнаа да ја поврзуваат песната со мајка Украина. Општеството почна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако Стефанија сега е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“, се вели во описот.

Посочуваат и дека видеото е снимено врз основа на вистински настани.