Грција денеска оди на општи избори на кои најверојатно нема да има јасен победник, а доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули.

Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие доволно за апсолутно мнозинство.

Избирачките места беа отворени во шест часот наутро (7 часот по грчко време), а затворени во 18 часот. Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци. Во 21 часот ќе бидат објавени првите излезни анкети на шест агенции за истражување на јавното мислење.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, добива меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Анкетните агенции велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно.

Прикажи повеќе