Научници од Кралскиот колеџ во Лондон открија нов механизам за чувствување лесни допири и тоа пеку фоликулите на нашата коса. Традиционално се сметаше дека тактилните осети се пренесуваат исклучиво опреку нервните завршетоци во кожата и преку близината на фоликулите на косата.
Новата револуционерна студија користела секвенционирање на РНК за да дојде до ова фасцинантно откритие. Откриено е дека клетките во надворешната обвивка на коренот на фоликулите на влакната (ORS) имаат поголема концентрација на рецептори осетливи на допир во споредба со нивните копии во кожата, пишува Science Alert.
За понатаму да го истражат тој феномен научниците култивирале лабораториски култури на клетки од фоликули од човечки влакна со нерви за осет. Резултатот ги изненадил затоа што механичката стимулација на фоликулите на влакната ги активирала соседните нерви, јасно покажувајќи регистрација на допир.
Понатаму, експериментите покажале дека ORS клетките испуштаат неутротрансмитери серотонин и хистамин преку мали везикули, кои служат како сигнали за соседните клетки. Парасто Хашеми, неуроинженерка од Кралскиот колеџ во Лондон, е одушевена од ова ново откритие.
Откритието е возбудливо затоа што отвора многу прашања за тие клетки: зошто ја имаат таа улога и што уште можеме да научиме од нив за тоа како нашата кожа чувствува допир, вели Хашеми.