Во ново истражување научници успеаја да идентификуваат ген кој двојно го зголемува ризикот од респираторна инсуфициенција и смрт од ковид, а може да објасни зошто луѓето од јужна Азија се повеќе подложни на болеста.

Резултатите од студијата се објавено во Nature Genetics и сугерираат дека генот наречен LZTFL1 двојно го зголемува ризикот од тешки последици на зараза со коронавирусот, пишува Guardian.

Генот, кој го менува начинот на кој белите дробови реагираат на инфекцијата, е најважен генетски фактор ризик досега идентификуван и го носат од прилика 60% од луѓето со јужноазиско потекло, во споредба со 15% од оние со европско потекло.

Генетскиот фактор што го пронајдовме објаснува зошто некои луѓе многу сериозно се разболуваат по инфекција со коронавирусот. Постои еден ген кој дава прилично значаен ризик за луѓето со јужноазиско потекло, вели професор Џејмс Дејвис, генетичар од Медицинското одделение на Универзитетот во Оксфорд.

Со оглед на тоа дека студијата е направена на случаи во Велика Британија, други научници предупредуваат дека на ваквите наоди им е потребна дополнителна потврда и дека генетските објаснувања не би требало да ги засенат другите потенцијално позначајни социоекономски ризик фактори.

Истражувањето на Дејвис и неговиот тим се основа на една претходна студија која идентификуваше голем дел од ДНК за која се чинеше дека влијае на тоа колку тешко луѓето заболуваат од ковид на основа на генетско секвенционирање на десетици илјади хоспитализирани пациенти во Велика Британија и други земји.

Овој пат е утврдено дека генот LZTFL1, кој претходно не бил проучуван, дејствува за вклучување на клучниот одбранбен механизам кој спречува вирусот да влезе во ептиелните клетки на белите дробови. Затоа вирусот продолжува да навлегува, инфицира и оштетува клетки во белите дробови во текот на подолг временски период по изложувањето.

Иако не може да ја промениме нашата генетика, резултатите покажуваат дека луѓето со ген за поголем ризик веројатно ќе имаат корист од вакцинација, вели Дејвис.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.