Во ГОБ „8 Септември“ денеска беше отворен Центар за остеопороза и пуштен во употреба нов апарат за мерење на коскена густина – остеодензитометарот, со донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА.
Овој настан претставува чекор напред во нашата посветеност да обезбедиме сеопфатна здравствена заштита на нашите граѓани. Сакам да изразам благодарност за оваа важна донација од Турската агенција за соработка и координација од Република Турција.Со воведувањето на овој остеодензитометар ќе се унапредат условите за дијагностицирање и менаџирање на остеопорозата. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме во здравството, е, обезбедувањето навремен пристап до услугите за нашите пациенти.Остеодензитометарот ќе ни овозможи директно да се справиме со овој предизвик, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Тој им се заблагодари на, како што рече, посветените здравствени работници, кои ќе управуваат со остеодензитометарот со најголема грижа и стручност.
Претседателот за Балкан и Источна Европа на „Тика“ Мухаммед Унал изрази задоволство од отворањето на Центарот во Одделот за ендокринологија.
ТИКА веќе 30 години од основањето во 1992 година реализира проекти за развој и соработка во образованието, здравството, хуманитарната помош, реставрацијата и многу други области. ТИКА моментално функционира во 150 земји со 62 канцеларии во 60 земји. Канцеларијата во Скопје, која во Македонија функционира од 2005 година, има реализирано приближно 1.200 проекти во овие области, рече тој.
За донацијата во болницата, се заблагодари и директорот, Кристијан Костов.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.