Австриската полиција се соочи со редок случај – околу 7.000 јајца се пронајдени фрлени покрај автопат. Останува мистерија – кој и зошто фрлил толку многу јајца во ендек?

– Вакво нешто досега не се случило, изјави општинскиот инспектор Херберт Пиролд.

Јајцата се фрлени в канал покрај пат во општината Оберхоф-Зонзајте. Полицијата пронашла 6.000 јајца на едно место во ендекот, а уште 1.000 неколку километри подалеку. Случајни минувачи ги пронашле фрлените јајца и ја известиле полицијата. Тоа може да биде опасно за животните и околината.

Полицијата посочува дека не е дозволено на ваков начин да се фрлаат јајца. Општинските власти сепак утврдиле дека нема опасност по животната средина и водата.