Во пресрет на вечерашната изложба на фотографии „Украина: Воено злосторство“ во во Скопје, , изведена од истоимената книга објавена од „FotoEvidence“, која вклучува повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија, ЦИВИЛ Медиа разговараше со фоторепортерот Кристофер Окиконе кој како еден од храбрите фоторепортери кои ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасните вистини на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот, фотографирајќи станал сведок на руски воени злосторства во Украина
Окиконе во интервјуто се присети за своето искуство од снимањето во Украина, за тоа дека слободата на печатот е присутна колку што е тоа можо во врее на војна, и за опасноста секое слоодно изразување а биде злоупотребено од руската проаганда. Тој ја истакна улогата на фоторепортерие во војната, кои ја претставуваат на светот вистината за војната и руските воени злосторства на светот. Окиконе, кој гои посетил и фотографирал сцените на едни од најстрачните злосторства врз цивилното населеие во Украина, како тоа во Буча, ни откри неколку застрашувачки призори на кои бил сведок, и истакна колку е битно тоа да се докунментира, бидејќи без докази, светот нема да верува дека воопшто се случиле.
Во еден стамбен блок од советската ера, во подрумот имаше 50 луѓе, бомбардирани, ако никој тоа не го сними, како никогаш да не се случило, вели Окиконе.
Изложбата е во организација на Фондации Отворено општество – Западен Балкан досега биле организирани изложби во Тирана, Република Албанија и Приштина, Република Косово.
Драган Мишев
Камера: Дехран Муратов
Видео монтажа: Аријан Мехмети